Ваков гол одамна немало на ЕП – Шик од пола терен ја тресна Шкотска (видео)

Патрик Шик го игра најдобриот репрезентативен меч во кариерата откако асот на Баер Леверкузен со два гола донесе предност на Чешка од 0-2 на дуелот против Шкотска што се игра во Глазгов.

Вториот гол е вистинско ремек-дело, откако чешкиот голгетер забележа дека противничкиот голман е истрчан, па со извонреден удар од половина терен го матираше чуварот на мрежата на Шкотите.

Се вчитува...