Ваков пенал се суди само кога е за Реал Мадрид (видео)

Реал Мадрид славеше на дуелот со Вилјареал со 3-1, а гостите по мечот имаа забелешки за судењето, особено за пеналот со кој „кралевите“ поведоа со 2-0.

Контакт постоеше, но истиот беше инициран од Винисиус, судијата сепак покажа на белата точка, а згора на неколку минути подоца неоправдано го исклучи Мурињо, повторно за старт врз Винисиус по кој Бразилецот падна како покосен.

„Ваков пенал се суди само кога е за Реал Мадрид“, е еден од бројните коментари за спорните моменти на „Сантијаго Бернабеу“.

„Дојдовме овде за да победиме, но не успеавме. За она да биде пенал мора да постои посериозен контакт, видете само како падна… Потоа и црвениот картон е исто така проблематичен, Мурињо само стои, не знам што виде судијата. Секако е тешко да победите на Бернабеу, а кога ќе ви се случат вакви работи, тоа е веќе невозможно“, изјави фудбалерот на Вилјареал, Комесана по синоќешниот пораз во Мадрид.

Се вчитува...