Ваков „судир“ на судија и фудбалер досега немало… (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Бурсаспор и Анталијаспор од 15. коло од шампионатот во Турција го одбележа и интересен „судир“ меѓу главниот судија и фудбалерот на Бурсаспор, Алано.

Алано, по доделен жолт картон, почна жестоко да протестира кон судија но делителот на правдата Фират Ајдинуш само се доближи до него и го „смрзна“ со погледот. Па, фудбалерот на Бурсаспор самиот си се повлече.

 

Судијата Ајдинуш, и со меѓународно искуство, со своите 45 години е еден од поискусните судии во турската лига.

Се вчитува...