Салваторе Совиеро никогаш не бил дел од италијанската голманска елита, но останува запаметен по жестоките реакции, конфликти со противниците и пцовки кон судиите, за што често добиваше и црвени картони.
Во кариерата настапуваше за Веценија, Перуџа, Џенова, Салернитана Реџина и Кротоне, а најголемиот инцидент го направи пред точно 16 години, на дуелот меѓу Венеција и Месина во „Серија Б“.
Судијата имаше полни раце работа покажувајќи два црвени картони пред во 83. минута да го исклучи Совиеро за вербален конфликт со играчи на противничката клупа за резерви. Откако го доби црвениот картон, Совиеро полуде и тргна директно кон резервите на Месина, почнувајќи тепачка „сам против сите“ со десетина членови на гостинскиот клуб.
Темпераментниот голман за овој инцидент беше казнет со пет месеци суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА