Вакво нештo Вимблдон нема видено 114 години!

Аманда Анисимова доживеа вистинска катастрофа во финалето на Вимблдон. Таа во финалето загуби од полската тенисерка Ига Швјонтек со 6-0, 6-0.

Имено, во опен ерата, никој никогаш не победил со 6-0, 6-0 во финале на Вимблдон. Најблиску до тоа беше Били Џин Кинг во 1975 година кога победи со 6-0, 6-1 против Евон Гулагонг.

Но, она што е поразително за овој натпревар е тоа што за првиот резултат од 6-0, 6-0 се чекаше од 1911 година. Тогаш Доротеа Ламберт Чемберс ја победи Дора Бутби со 6-0, 6-0.

Покрај големата победа, Швјонтек ја комплетираше гранслем колекцијата и стана најмладата тенисерка со тој успех по Серена Вилијамс, која го направи тоа во 2002 година како 19-годишна девојка.

Се вчитува...