Вакво нешто му се нема случено на Интер цели 13 години

Навивачите на Интер со право се загрижени откако „нероаѕурите“ попладнево загубија од Рома со 0-1 и значително си ги намалија шансите во трката за скудетото.

Тимот на Симоне Инзаги е во огромна криза каква што не се памети повеќе од една деценија. Имено, „нероаѕурите“ врзаа три порази во серија (од Болоња и Рома во Серија А, од Милан во Купот на Италија), нешто што му се нема случено на овој клуб повеќе од 13 години.

Поточно, последен пат Интер врзал три вакви неуспеси во февруари 2012, а интересно е што тогаш на клупата на „нероаѕурите“ седел Клаудио Раниери, кој попладнево со Рома ги освои трите бода на „Џузепе Меаца“.

Сериозна е опасноста црната серија да продолжи ако се знае дека следен меч на Интер е првото полуфинале од ЛШ против Барселона, дуел за кој Инзаги речиси сигурно нема да може да смета на одличниот дефанзивец Павар кој се повреди во првото полувреме од денешниот дуел со Рома.

Се вчитува...