Вакво нешто не се памети: Баерн остана без голман

Баерн Минхен се соочува со неверојатна криза, откако сите четири сениорски голмани на баварскиот гигант се повредени и нема да можат да му бидат на располагање на тренерот Компани за претстојниот дуел од ЛШ против Аталанта.

Мануел Нојер се повреди пред десетина дена, а на првиот меч со Аталанта повреда заработи и Јонас Урбиг. Ветеранот Свен Улрих беше на голот против Баер Леверкузен, но и тој се пожали на повреда и ќе мора да отсуствува извесен период на повреда. Згора на тоа, Леон Кланац кој важи за четврти голман во Баерн исто така е „во аут“ веќе подолг период, па германскиот првак е без сениорски чувар на мрежата.

Како што најавуваат германските медиуми, улогата на прв голман против Аталанта ќе му припдне на 16-годишниот Леонард Прескот. Овој тинејџер беше на клупата за резерви и на првиот дуел со Аталанта, како и на саботноро дерби во Леверкузен, а сега ќе треба да го има и официјалното сениорско деби.

Се вчитува...