Очекувањата беа дека мечот Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад ќе мине во тактичко надмудрување без многу шанси на двете страни. Сето тоа не само што падна во вода, туку дуелот на „Ванда“ се претвори во спектакл благодарение на Александер Сорлот.
Само единаесет минути му беа доволнии на асот на Атлетико Мадрид да постигне хет-трик, а за да биде уште поимпресивно, Норвежанецот трите гола ги постигна во рок од пет минути.
Тој го отвори резултатот во 7. минута, во 10. минута резултатот веќе гласеше 2-0, а хет-трикот беше комплетиран во 11. минута, на воодушевување на домашните фанови во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

