Вакво нешто не се памети: Ница испиша историја во францускиот фудбал

Петтото коло од француското првенство почна со импресивна победа на фудбалерите на Ница, кои на домашен терен го декласираа составот на Сент Етјен со преубедливи 8-0.

Особено импресивно домаќините делуваа во првото полувреме, во кое за помалку од 40 минути постигнаа дури шест гола и на одмор заминаа со убедливи 6-0. Катастрофата на гостите беше најавена со автоголот на Батубинсика во 4.минута, три минути подоцна прецизен беше Ндомбеле за 2-0, а до крајот на полувремето меѓу стрелците се запишаа и Чо, Мукоко (два гола) и Гесан. Со тоа, Ница стана првиот француски тим во 21. век што успеал да постигне шест гола во првото полувреме од еден меч од елитното друштво.

Домашните фудбалери покажаа милост во вторите 45 минути, во кои само два пати го матираа голманот на Сент Етјен, преку „резервистот“ Диоп и со пеналот на Росарио за конечните 8-0.

Се вчитува...