Вакво нешто не се памти: Асот на ПСЖ со два гола со ножички за помалку од десет минути (видео)

ПСЖ фуриозно го почна гостувањето против Тулуз поведувајќи со 0-3 по само петнаесет минути игра, но овој меч ќе биде запаметен по неверојатното издание на Жоао Невеш, кој во рок од помалку од десет минути постигна два велемајсторски гола со ножички.

Токму Португалецот го отвори резултатот со маестрален гол преку себе во 7. минута, носејќи радост на „светците“ со оваа мајсторија.

Баркола зголеми на 0-2, а потоа на сцена повторно стапи Невеш, со уште еден мајсторски гол со ножички покажувајќи ја својата класа.

Се вчитува...