ВАКВО НЕШТО НЕМАТЕ ВИДЕНО: Си постигна автогол од половина терен (ВИДЕО)

Екипата на Торонто славеше со 3-2 против Колорадо во натпревар кој долго ќе се памети по неверојатното сценарио и бизарниот автогол на гостинскиот фудбалер Зак Стефен.

Иако Колорадо остана со играч помалку по исклучувањето на Едвардс на почетокот на вториот дел, гостите успеаја да поведат со 0-2 преку Аронсон и Росенбери. Сепак, Торонто не се предаде. Откако Ларје намали на 2-1, се случи моментот на натпреварот, Зак Стефен, во обид да ја врати топката, постигна „комичен“ автогол од речиси половина терен, изненадувајќи го сопствениот голман кој беше лошо поставен.

Се вчитува...