Вакво нешто Турција не памети: Галатасарај ги руши сите трансфер рекорди

Виктор Осимхен наскоро официјално ќе стане нов играч на турскиот гигант Галатасарај. Шампионот на оваа земја ќе ги сруши сите можни трансфер рекорди.

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимхен останува во Истанбул. Откако импресионираше како позајмен минатата сезона, Галатасарај одлучи да го купи од Наполи, со што ги сруши сите можни рекорди во турскиот фудбал.

Џанлука Ди Марцио тврди дека турскиот шампион се согласил да ги плати бараните 75 милиони евра за 26-годишниот напаѓач, и дека сега се водат разговори за тоа како да се исплатат парите.

Се претпоставува дека тимовите би можеле да се договорат за плаќање на неколку рати, а самиот Нигериец може да биде многу задоволен од бројките што ги добил.

Тој ќе потпише четиригодишен договор со истанбулскиот гигант вреден 64 милиони евра нето, односно ќе заработува 16 милиони евра по сезона.

Во претходниот период, Осимен беше поврзуван со Јувентус и Ал-Хилал, како и со неколку англиски клубови, но на крајот, очигледно, ќе остане во Турција.

Се вчитува...