Вакво промашување не сте виделе во животот (видео)

Астер Вранкс е фудбалерот што цела сезона во Белгија ќе биде запаметен по неверојатното промашување на денешниот меч на неговиот тим Мехелен против Остенде.

Кон средината на второто полувреме резултатот гласеше 0-0, а Вранкс се најде во идеална позиција да го донесе Мехелен во водство, топката му падна пред нозе на еден метар од празниот гол. И наместо само да ја смести во мрежата, тој успеа да ја згазне пред самиот да падне на земја, свесен за неверојатното промашување.

Казната стигна на спротивната страна, па Остенде со гол во 95. минута стигна и до цел плен, најмногу благодарение на супер-промашувањето на Вранкс.

Се вчитува...