Финишот на сезоната во холандскиот шампионат е супердраматичен откако Ајакс успеа да прокоцка огромна предност, па огромни се шансите дека најтрофејниот холандски клуб ќе остане без трофејот, до кој сега најблиску е ПСВ Ајндховен.
На пет рунди до крајот Ајакс имаше „плус девет“ во однос на ПСВ, но потоа гигантот од Амстердам целосно се распадна. Во претходната рунда загуби меч на домашен терен, а синоќа следеше нов колапс, само реми од 2-2 на гостувањето против Гронинген со што Ајакс го предаде и врвот на табелата.
За да боли уште повеќе, голот за 2-2 беше примен во 99. минута, кога голманот на Ајакс не успеа да стигне прв до топката, па Блокзијл немаше тешка задача да ја смести во мрежата.
Stadio di Groningen, bellissimo e atmosfera unica per questa penultima partita di campionato.
Qui il goal del 2-2 del Groningen al 99° contro l’Ajax che le ha tolto il primo posto. Finale incredibile.#GroningenAjax pic.twitter.com/s5opAhrYWw— A Ricci (@alessandricci) May 14, 2025
ПСВ рутински си ја одработе задачата во претпоследното коло славејќи со 4-1 над Хераклес, верувајќи и во чудо во Гронинген, што на крајот и се случи.
Сега ПСВ Ајндховен на едно коло до крајот има еден бод предност во однос на Ајакс. Во последното коло ПСВ гостува на Спарта Ротердам, додека Ајакс е домаќин на Твенте, а треба да се спомене дека ако двата тима завршат со ист број бодови, ПСВ ќе биде првак поради далеку подобрата гол-разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

