Поранешниот голман на Барселона и на фудбалската репрезентација на Шпанија, Виктор Валдес, реши да стави крај на играчката кариера. Проблемите со повредите што ги имаше во последните неколку сезони, го натераа 35-годишниот Валдес да замине во фудбалска пензија.
Шпанскиот голман, по завршувањето на фудбалската кариера, од теренот се сели во телевизиските води и во иднина ќе прави ексклузивни интервјуа со поранешните асови.
Во својата кариера, Валдес 12 години го носеше дресот на Барселона со која освои три титули во Лигата на шампионите, шест пати беше првак на Шпанија и освојувач на Суперкупот и освои по две титули во „Купот на кралот“, во европскиот Суперкуп и две титули на Светското клупско превенство.
По заминувањето од Барселона, Виктор Валдес беше член на Манчестер јунајтед, кусо време беше на голот на Стандард Лиеж, а минатата сезона бранеше за Мидлсбро.
На голот на шпанската репрезентација имаше 20 настапи и со „црвената фурија“ ги освои шампионските титули на Светското првенство во 2010 и на Европското првенсто во 2012 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА