Фенербахче и покрај осцилациите во играта успеа да стигне до триумф на гостувањето во Валенсија, интересн меч на кој актуелниот европски првак триумфираше со убедливи 67-80. Тимот на Жељко Обрадовиќ го доби првиот период со 7-18, но потоа дојде до значаен пад во играта, па Валенсија целосно се врати во мечот. Сепак, пресуди фуриозната последна четвртина што турскиот гигант ја доби со 17-29, за своја единаесетта победа сезонава. Гудуриќ со 15 и Датоме со 14 поени беа најзаслужни за овој триумф на Фенер, додека прв стрелец на домашниот тим беше Абалде со 11 поени.
ЦСКА Москва рутински си ја одработе задачата на гостувањето против Милано, славејќи со преубедливи 81-107. Де Коло со 24 поени беше прв стрелец на рускиот првак, додека по 15 поени постигнаа Клибурн и Родригез.
Макаби по голема битка го совлада Брозе баскет со 90-88, нанесувајќи му го петтиот пораз во низа на германскиот првак. Пјер Џексон постигна седум поени во последните пет минути, вклувајќи ја тука и одлучувачката тројка со која израелскиот гигант стигна до победата, а најефикасен кај Макаби беше Мајкл Рол со рекордни за него 23 поени.
Панатинаикос уште еднаш го покажа сиот свој потенцијал, рутински славејќи над Барселона со 84-75. Тренерот Чави Пасквал му се одмазди на својот поранешен клуб предводејќи ги „зелените“ до нова победа, за која најзаслужни беа Калатес со 17 поени и 12 асистенции и Гист со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА