Кошаркарите на Валенсија забележаа голема победа во битката за плеј-ин во Евролигата откако вечерва на домашен терен славеа над германскиот Баерн Минхен со 70-68.
Домаќините одлично го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност (28-15). Гостите заиграа одлично во продолжението на мечот, па пред влезот во последните 10 минути успеаја да стигнат до само минус еден 57-56.
Сепак, кошаркарите на шпанскиот клуб беа посконцентрирани во последниот период и на крајот стигнаа до заслужен триумф од 70-68. Џоунс со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Букер уфрли 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА