Валенсија доби „шок терапија“ од “фенерџијата“ во Шпанија… (видео)

Фенерџијата во шпанската Примера, екипата на Лас Палмас стигна до изненадувачки триумф од 2-1 против Валенсија во 20. коло.

Валенсија доби вистинска лекција во тензичен натпревар во кој гостите, покрај двата погодоци во својата мрежа, заработија и два црвени картони.

А, ништо не навестуваше пораз на почетокот откако Валенсија дојде до водство уште во 5. минута со голот на Мина. Но, потоа следеше израмнувањето преку Виера во 20. минута, а Калери од пенал во 53. минута донесе водство и од 2-1, откако при пеналот исклучувањето заработи и Габриел.


Лас Палмас предноста ја зачува до крајот, откако Валенсија во 87. минута остана и со девет фудбалери на терен по исклучувањето на Вецо.

По овој пораз Валенсија остана на третата позиција со 40 бода, 11 бода помалку од лидерот Барселона, а три бода помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид. Лас Палмас, пак, со 14 бода конечно избега од последната позиција, оставајќи ја сега Малага на дното со 11 бода.

Се вчитува...