Шпанскиот прволигаш Валенсија успеа да добие квалитетно засилување за навалната линија во последните мигови од летниот преоден рок. Во јатото на „лилјаците“ пристигна младиот 20-годишен португалски напаѓач Гонсало Гуедеш. Тој во претстојната сезона ќе биде позајмен од ПСЖ во редовите на Валенсија.
Португалецот не можеше да се избори со голената конкуренција во нападот на ПСЖ, со оглед дека ова лето на „Паркот на принцовите“ пристигнаа Нејмар и Килијан Мбапе. Токму поради ова, а во потрага по поголема минутажа, Гуедеш се сложи да замине на позајмица на „Месталја“.
По завршувањето на оваа сезона Гонсало Гуедеш ќе се врати во ПСЖ, со кој има договор до 2021 година.
Во Валенсија како позајмен играч пристигна и Андреас Переира од Манчестер јунајтед. Тој игра во средниот ред и треба да биде од голема помош во новиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА