Валенсија успеа да излезе како победник од трката по Макси Лопез, откако денеска го официјализираше трансферот на голгетерот на Селта. Во изминатиот месец сериозен интерес за Лопез искажуваше Вест Хем, кој во него гледаше идеален наследник за Арнаутовиќ, но „чеканите“ не успеаја да го убедат голгетерот на преселба во Лондон.
Наместо тоа, Лопез реши да остане во „Ла Лига“, а Валенсија како дел од преговорите во трансферот го уфрли и Санти Мина. Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија го загуби првотимскиот статус кај „лилјаците“, па прифати да се врати назад во Селта, тим за кој настапуваше на почетокот од кариерата.
Вкупната вредност на трансферот на Макси Лопез во Валенсија изнесува 40 милиони евра, што е одлична заработувачка ако се знае дека Селта пред две години го купи овој фудбалер за само четири милиони евра од уругвајскиот прволигаш Дефенсор. Тој имаше одлична дебитантска сезона во „Ла Лига постигнувајќи 18 гола на 39 натпревари, додека лани одигра нешто послабо, постигнувајќи 13 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА