Столе Димитриевски е на излезна врата од Валенсија. И покрај тоа што Ѓорѓи Мамардашвили се сели во Ливерпул, сепак, Валенсија договори нов голман кој доаѓа на „Местаља“, а тоа значи дека за македонскиот голман ќе нема место во тимот на „лилјаците“.
Валенсија го „пикираше“ Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, но проблем е дали тој ќе се реши да замине од тимот, и покрај тоа што не е во прв избор, покрај Унаи Симон, шпанскиот голман број 1 во националниот тим.
Тоа би значело дека Димитриевски веќе може да се „пакува“, а во Шпанија веќе има шпекулации која ќе биде неговата следна дестинација. Останување во Шпанија е можно, особено ако се има во предвид интересот од Мајорка, но сега се почесто се споменува и интерес од Грција. Не се споменува тимот кој е заинтересиран за услугите на чуварот на мрежата на македонската репрезентација. Исто така има интерес и од Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

