Валенсија го отпушти Кевин Пангос

Кевин Пангос во новата сезона ќе има нов тим откако денеска официјално доби отказ од шпанскиот тим Валенсија. Канадскиот плејмејкер со тоа стана слободен агент и оживување на кариерата ќе бара на друго место.

Пангос за прв пат во Европа се појави во 2015 година како дел од Гран Канарија по крајот на колеџ кариерата на Универзитетот Гонзага. Подоцна настапуваше и по две години за Жалгирис и Барселона, помина и една сезона во Зенит пред да се врати во САД каде настапи во НБА лигата за Кливленд.

Скромната минутажа во НБА го врати назад во Европа, потточно во Олимпија Милано, но по големи контроверзии на средина на веќе изминатата сезони ги промени клупските бои и заигра за Валенсија која не е задоволна од неговиот учинок од 1.9 поени и 2.3 асистенции за 13 минути поминати на теренот на 12 одиграни средби.

Се вчитува...