Одличен старт на 2024 година имаше Валенсија, а „кошмарен“ Виљареал и новиот тренер Марселињо. На „Местаља“ вечерва се славеше триумф од 3-1 на домашниот тим кој успеа да победи со головите на Јаремчук и два на Пепелу.
Јаремчук уште во 4. минута на асистенција на Гаја успеа да донесе предност за Валенсија, а во 27. минута Пепелу од белата точка донесе предност од 2-0.
Во 57. минута уште еден пенал за Валенсија, кој во гол го претвори Пепелу за водство од 3-0. „Жолтата подморница“ само успеа да намали во 73. минута преку Морено.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

