Мичу Батшуаи својата кариера ќе ја продолжи во Примера дивизион, и тоа во дресот на Валенсија откако „лилјаците“ денеска постигнаа целосен договор за ангажман на голгетерот на Челси. Белгиецот и по заминувањето на Конте и доаѓањето на Сари не може да се надева на улога на стандарден првотимец во лондонскиот клуб, по што реши својата кариера да ја продолжи на „Месталја“.
Валенсија, која по подолга пауза успеа да обезбеди учество во ЛШ, ќе плати три милиони евра за едногодишна позајмица, а во договорот нема клаузула што може да се активира за шпанскиот клуб на крајот од сезоната целосно да го откупи голгетерот од Челси.
Батшуаи во јануари се пресели на позајмица во Борусија Дортмунд, експресно се наметна како лидер на нападот на „милионерите“, но потоа заработи тешка повреда поради која ги пропушти последните два месеци во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА