Валенсија го шокираше Реал Мадрид среде „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид загубија со 1-2 на домашен терен против Валенсија во натпревар од 30. коло во шпанската Ла лига.

Килијан Мбапе изнуди пенал во 13. минута, а Винициус беше тој што требаше да го изведе. Бразилецот повторно лошо шутираше, а неговиот удар без поголеми проблеми го спречи Мамардашвили.

Да бидат проблемите уште поголеми само две минути подоцна Валенсија поведе со 0-1 преку Диакаби. Истиот фудбалер постигна автогол во 21. минута, но по прегледување со ВАР голот за Реал беше поништен поради офсајд.

Винициус успеа да се извади за промашениот пенал и да израмни на 1-1 во 50. минута, но тоа беше се што успеаја да направат домаќините, а Валенсија стигна до шокантен триумф од 1-2 со голот на Иго Дуро во 95. минута.

Real Madrid 1 – [2] Valencia – Hugo Duro 90‎+‎5‎'‎
byu/slimcase121 insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...