Валенсија го совлада грчки Панатинаикос со 94-87 во последниот натпревар од 22. коло од кошаркарската Евролига. На гостите не им беше доволна и одличната последна четвртина која успеаја да ја добијат со огромни плус 14-23, бидејќи во преостанатите три четвртини шпанскиот тим беше далеку подобар противник.
Бојан Дубљевиќ со 19 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека Кино Колум мечот го заврши со 14 поени. Кај поразените се истакнаа Ник Калатис со 22 и Тајрис Рајс со 21 поен.
Со победата Валенсија е на делба на седмата позиција со скор од 11 победи и исто толку порази, додека Панатинаикос останува шести со 13 победи и 9 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА