Валенсија го совлада Ваљадолид и „исплива“ од опасната зона (ВИДЕО)

Валенсија го совлада Ваљадолид со 2-1, и направи огромен чекор кон опстанокот во Ла Лига. „Лилјаците“ во моментов испливаа од опасната зона, но треба уште многу да се борат за да обезбедат нов „мандат“ во најдобрата шпанска лига.

Лопез во 7. минута од средбата донесе водство за домашниот тим. Сепак, во финишот од првиот дел Латаса донесе израмнување.

Умар Садик во 58. минута од средбата донесе предност за Валенсија. Ваљадолид се обиде да изрмани, но Мамардашвили одлично одбрани и не дозволи противникот да замине непоразен.

Столе Димитриевски остана на клупата за резерви.

Се вчитува...