Валенсија го „сруши“ Бетис на „Месталја“ (ВИДЕО)

Валенсија за само 30 минути успеа да постигне три гола, и да го сруши Бетис на својот стадион. „Лилјаците“ не успеваа да се снајдат до 63. минута кога го постигнаа првиот гол, а потоа додадоа уште два до крајот за убедлив триумф. Многу им помогна и црвениот картон на гостинскиот фудбалер Гонзалез во 61. минута.

Алмеида во 63. минута донесе водство, а Гилјамон од пенал во 81. минута донесе 2-0. Клајверт во 93. минута го постигна третиот гол за Валенсија.

Валенсија со овие три бода се искачи на 10. позиција на табелата, додека Бетис со последните лоши резултати падна на шестото место на табелата.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...