Макаби Тел Авив беше домаќин на Валенсија во натпреварот од 16. коло од Евролигата минатиот петок во Ерусалим, каде што конечниот резултат беше 85-82 за „гордоста на Израел“.
Тоа беше првиот натпревар што тимот на Одед Каташ го одигра на домашен терен од 2023 година, бидејќи нивниот привремен дом беше салата „Александар Николиќ“ во Белград.
Играчите на шпанскиот клуб беа пречекани со свирежи и навреди од трибините. Валенсија вели дека нивните играчи биле расистички навредувани…
„Кошаркарскиот клуб Валенсија, кој комуницираше со Евролигата по натпреварот, ќе поднесе жалба со фотографски докази во врска со варварското однесување на навивачите на Макаби. Ваквото однесување денеска, со расни навреди и постојани навреди кон клубот и тренерот Педро Мартинез, дури и спречување да зборува на прес-конференцијата по натпреварот, не само што и штети на конкуренцијата, туку и на нашиот спорт како целина и е целосно неприфатливо во кошаркарските сали“, стои во соопштението на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

