Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше дефинитивно еден од најзаслужните за двете победи на нашата репрезентација без примен гол во октомвриските натпревари од Лигата на нациите.
Одлични два меча за Димитриевски кои не останаа незабележани и од неговиот клуб, шпанската Валенсија која во објава на својот официјален Инстаграм профил вели:
„Ѕидот на Македонија…. Голманот на Валенсија ги стартуваше двата репрезентативни натпревари и остана без примен гол на двата меча“.
View this post on Instagram
Димитриевски, сепак, во моментов е резервна варијанта на голот на Валенсија, но Шпанците веројатно добро ги анализираат репрезентативните настапи на македонскиот чувар на мрежата кој на секој меч потврдува дека и тоа како заслужува да биде и голман број еден на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА