Столе Димитриевски има сериозна причина да стравува за иднината во Валенсија откако новиот тренер на овој тим, Карлос Корберан, инсистирал на доведување на нов врвен голман.
Димитриевски имаше добиено ветување од тренерот Бараха и од клупската управа дека по една сезона како резерва на Мамардашвили (веќе договорен трансфер во Ливерпул во јули 2025), тој од летово ќе биде прв голман на „лилјаците“ од „Месталја“. Сепак, ситуацијата се промени откако Бараха доби отказ, а новиот тренер Корберан на средбата со директорот Рон Гурли во Сингапур јасно ставил до знаење дека приоритет на пазарот треба да биде нов врвен голман што би го заменил Мамардашвили.
Желба на стратегот на Валенсија е Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, кој лани бранеше на 29 натпревари за баскискиот клуб и кој според шпанските медиуми е многу блиску до преселба на „Месталја“.
Ова дефинитивно би бил огромен удар за Димитриевски кој беше лојален кон Валенсија и во јануарскиот преоден рок, кога одби неколку понуди за да остане во клубот. Сепак, по ваквиот развој на настаните, големи се шансите дека Македонецот летово ќе ги смени клупските бои и повторно ќе замине во средина каде ќе има првотимски статус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

