Турскиот Фенербахче ја продолжи очајната серија во Евролигата, запишувајќи го четвртиот пораз во низа, овој пат неочекувано на домашен терен по продолженија од шпанската Валенсија со 98-100.
Првата четвртина ја добија со два поени разлика 24-22, а до полувремето избраниците на Желјко Обрадовиќ успеаја да стигнат и до плус осум (48-40). Во третиот период Турците продолжија да го контролираат мечот, а по 30 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 70-59. Гостите заиграа неверојатно во последниот период. Погодуваа од секоја можна позиција и на три минути до крајот на мечот успеаја да стигнат до неочекувано водство од 77-79. Натпреварот влезе во трилер завршница. Прво Абалде донесе водство за гостите од 82-84 на четири десетинки до крајот на мечот, а потоа натпреварот во продолженија го однесе Нандо де Коло кој со звукот на сирената успеа да израмни на 84-84. Во продолжението Фенербахче на 27 секунди до крајот имаше предност од плус пет 98-93, но повторно почнаа да прават глупости избраниците на Обрадовиќ и им дозволија на гостите на осум секунди до крајот да стигнат до предност од плус два 98-100. Во последниот напад Де Коло не успеа да реализира за три поени, што значеше четврти пораз за Турците во елитата.
Бојан Дублјевиќ со 30 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај Фенербахче не беа доволни ниту 31 поен на Нандо де Коло и 20 поени на Луиџи Датоме и Дерик Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА