Валенсија и четврти пат последовно ремизираше во Ла Лига, овојпат на гостувањето против Леганес (1-1). „Лилјаците“ имаа водство се до финишот, со голот на Кондогбија во 22.минута, но Леганес сепак стигна до израмнување.
Мартин Брајтвајт во 90.минута донесе бод за Леганес на овој дуел. Јусеф Ел Несири имаше можност дури и да направи целосен пресврт, но Нето ја спаси мрежата на Валенсија во судиското продолжение од мечот.
По ова ново реми, Валенсија со 33 бода се наоѓа на осмата позиција на табелата во шпанскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА