Валенсија ќе гради „чудо од стадион“ за 322 милиони евра (ФОТО)

Шпанскиот прволигаш Валенсија ќе добие нов стадион, потврди самиот клуб со објава на социјалните мрежи. Станува збор за ултрамодерен стадион чија изградба ќе чини 322 милиони евра и се очекува да биде готов до 2027 година.

Стадионот ќе има капацитет од 70 илјади гледачи со што ќе биде еден од најголемите европски стадиони. Валенсија се надева дека на него ќе се одржи финале на едно од најголемите клупски натпреваруања, а предвидено е и на него да се играат натпревари од Европското првенство кое во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко.

Се вчитува...