Валенсија на Столе Димитриевски се продава за 400 милиони евра

Кандидат за испаѓање од Ла Лига, Валенсија се продава. Според информацијата, сопственикот на клубот Петер Лим сака 400 милиони евра за неговиот пакет акции од 91,5%.

Бизнисменот од Сингапур е мнозински сопственик од 2014 година. За време на неговото владеење Валенсија бележи сериозен пад во играта и во резултатите, затоа што во тој период тимот единствено освои еден трофеј во Купот на Шпанија.

Во последните пет години, тимот не заврши повисоко од деветото место на табелата. Тоа доведе до несогласувања на Лим со фановите, кои долго време бараат да го напушти клубот.

Последните неколку дена се појави шпекулација дека португалскиот ас Кристијано Роналдо е подготвен да стане мнозински сопственик на клубот.

Се вчитува...