Валенсија на Столе Димитриевски доживеа нов дебакл во Ла Лига, овој пат со убедлив пораз од 4-1 на гостувањето против Селта.
А Валенсија добро почна откако домашните постигнаа автогол по само седум минути игра. Но, уште во првото полувреме Селта со два гола дојде до пресврт.
А, потоа во вториот дел Иглесијас беше стрелец и во 59. минута, додека Ел Абдалуи и Алварез во самиот финиш ги поставија конечните 4-1.
Македонскиот голман Столе Димитриевски поради повреда не беше во составот.
Валенсија по овој пораз сега се поотворено ита кон местата кои водат во Втората лига на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

