По претходното реми со Атлетик Билбао, екипата на Валенсија повторно се врати на победите во шпанската Примера славејќи во 27. коло против Бетис пред своите навивачи со 2-0.
Родриго во 23. минута го отвори резултатот, а Симоне Заза во 47. минута ги постави конечните 2-0.
Валенсија, со овој триумф, и натаму држи дистанца од Севилја во битката за 4. место на табелата кое обезбедува настап во Лигата на шампионите следната сезона. По 27 натпревари Валенсија има 53 бода, осум повеќе од петтопласираната Севилја, а само бод помалку од третопласираниот Реал Мадрид. Далеку на врвот е Барселона со 69 бода, а на втората позиција е Атлетико Мадрид со 61 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА