Валенсија официјално објави какви мерки ќе преземе во врска со обвинувањата за силување на фудбалерот Рафа Мир.
Од таборот на шпанскиот тим истакнуваат дека целосно ќе соработуваат со судските органи, и дека играчот ќе заработи казна од страна на клубот.
„Валенсија сака да ја повтори силната осуда на сите форми на насилство во сите негови манифестации, истовремено почитувајќи ја презумпцијата на невиност прогласена од нашиот правен систем. Само правдата мора да ги одреди времето и дејствијата во однос на содржината на наводните факти за кои се води истрага за Рафа Мир“, стои во соопштението на Валенсија.
„Конкретно, клубот ќе го казни Рафа Мир , сфаќајќи дека неговиот начин на дејствување, за време на неговото отсуство, несомнено влијае на професионалните перформанси што се очекуваат од него како играч на овој клуб; исто така ја поткопува довербата што нашите навивачи ја имаат во сите нивни играчи. Клубот ќе продолжи да соработува со правосудниот систем во се што може да се бара од нас “, се вели во пораката од клубот.
Валенсија ќе го казни својот играч поради отсуството, но договорот нема да биде раскинат. „Марка“ тврди дека ваквата одлука во голема мера ја донел тренерот Бараха, по обавениот разговор со самиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА