Валенсија стигна до значаен бод во Ла Лига откако во 27. коло ремизираше со 1-1 на домашен терен против Рајо Валекано на нашиот Столе Димитриевски. Гостите поведоа уште во 9. минута преку Комесана, а до изедначување домашните фудбалери стигнаа преку белата точка и сигурната реализација на Клуиверт во 81. минута.
Со денешниот бод Валенсија стигна до 27. освоен бод во што е изедначена со Еспањол и Алмерија на местото кое води во второлигашкиот ранг додека Рајо Валекано го осигура 37. бод во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

