Столе Димитриевски остана во Рајо Валјекано во текот на јануарскиот преоден рок, па сега веќе е јасно дека остануваат само две опции – Македонецот во следните месеци ќе потпише нов договор со мадридскиот клуб, или пак на крајот од сезонава како слободен играч ќе се пресели во нова средина.
Валенсија е еден од клубовите кои навиваат за втората варијанта, откако „лилјаците“ тргнаа во нова офанзива за потписот на македонскиот голман. Овој клуб веќе извесен период ги следи настапите на Димитриевски, уште минатото лето преговараше за да го доведе Македонецот во своите редови, но тогаш до трансфер не дојде поради отштетата што ја бараше Рајо Валјекано.
Овојпат ситуацијата е поинаква, Столе би можел да дојде како слободен играч, а воедно и Валенсија е подготвена да му даде и повисока плата бидејќи го планира за стартен голман, по најавите дека Грузиецот Мармадашвили летово сигурно ќе си замине од „Месталја“.
Сериозен интерес за Димитриевски покажува и Севилја, но овој клуб се соочува со огромни финансиски проблеми, како и Вилјареал, но Валенсија во моментов важи за лидер во трката за потпис на македонскиот репрезентативен голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

