Во интересен натпревар на „Местаља“, Валенсија го доживеа и вториот едноподруго пораз во Примера, губејќи со 0-1 во 17. коло од Виљареал.
Единствениот гол на дуелот го постигна Карлос Бака во 24. минута од средбата…
Во жесток натпревар во второто полувреме, Валенсија остана со играч помалку по исклучувањето на Заза во 60. минута, за да и гостите останат со 10 фудбалери на теренот по исклучувањето на Тригерос во 83. минута.
Валенсија, по овој пораз, остана на третата позиција со 34 бода, два помалку зад второпласираниот Атлетико Мадрид, и 11 помалку од лидерот Барселона. На 4. место е Реал Мадрид со 31 бод, и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА