Валенсија во третиот обид конечно ќе успее да го доведе Кевин Гамеиро во своите редови, откако шпанскиот прволигаш успешно ги финишираше преговорите со Атлетико Мадрид, договарајќи отштета од 20 милиони евра за овој трансфер.
„Лилјаците“ се интересираа за Французинот во 2011 година по неговите добри игри за Лориен, но тој тогаш го избра ПСЖ пред Валенсија. Две години подоцна повторно имаше понуда од истиот клуб, но тогаш реши кариерата да ја продолжи во Севилја, од каде во меѓувреме се пресели во Атлетико Мадрид. Тој не се снајде најдобро во тимот на Диего Симеоне, а откако Гризман остана во нападот крај Диего Коста на Гамеиро му стана јасно дека не може да се надева на поголема минутажа ниту во наредната сезона.
Тој се согласи и на намалување на платата, па во Валенсија ќе зема нешто повеќе од три милиони евра по сезона (во Атлетико имаше уште една година од договорот, за четири милиони евра), заземајќи го местото во нападот на Симоне Заза, кој летово си замина од „Месталја“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА