Ненад Димитијевиќ во новата сезона ќе го носи дресот на рускиот Уникс Казан како позајмен играч, потврди неговиот клуб Валенсија. Македонскиот интернационалец пристигна во шпанскиот клуб пред една година, но не ја доби довербата од новиот стратег Алекс Мумбру за настап во Евролигата.
Претходната сезона 24-годишникот настапи на 33 натпревари за Валенсија, а во просек постигнуваше 8.4 поени, 3.9 асистенции и 1.5 скока со што му помогна на тимот да стигне до четвртфиналето од Еврокупот и шпанското првенство.
Димитријевиќ ќе биде трет македонски претставник во руската кошарка следната сезона по Емил Рајковиќ и Тане Спасев кои ќе ги предводат ЦСКА Москва, односно вториот тим на Локомотив Кубан.
📰
Cas 👉 @Neno_D7 se marcha cedido al @unicsbasket para la temporada 2022-23https://t.co/bYmdYvRIPp
Val 👉 Neno Dimitrijevic marxa cedit al Unics Kazan per a la temporada 2022-23https://t.co/bglYpJ8VQI
Eng 👉 https://t.co/EKq5WNx6jC pic.twitter.com/otWZNWKUh7
— Valencia Basket Club (@valenciabasket) August 3, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА