Валенсија и Нено Димитријевиќ го претрпеа и вториот овосезонски пораз откако загубија на домашен терен од Мурсија со 86-91. Овој „кикс“ паѓа уште потешко ако се знае дека Валенсија делуваше супериорно во првото полувреме, во втората четвртина имаше и предност од 17 поени, што на крајот сепак се покажа недоволно за да се стине до победа.
Димитријевиќ одлично го почна натпреварот со пет асистенции во почетните пет минути, но македонскиот плејмејкер на почтокот од последната четвртина имаше две загубени топки во низа, по што доби и техничка грешка за приговор кон судиите. Тренерот го повлече Македонецот од игра, враќајќи го потоа кога Мурсија веќе влезе во серија и направи целосен пресврт.
Ненад Димитријевиќ реализираше скромни шест поени (0/4 за тројка, 2/4 за два поени, 2/2 за еден поен), но затоа имаше одлични 12 асистенции, но и дури осум заубени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА