Валенсија го договори крилниот центар на Уникс Казан, Латавиус Вилијамс на едногодишна соработка. 28-годишниот кошаркар е добро познат во Лига Ендеса, а шпанскиот првак ќе биде значително зајакнат под обрачот следната сезона.
Американецот минатата сезона одигра 30 натпревари во Евролигата за Уникс, со просек од 6.9 поени и 5.1 скока по меч. За екипата од Казан беше клучен во одбраната, заврши како шестти најдобар скокач во Евролигата, па сега одново добива шанса да се натпреварува со најдобрите.
Во шпанското првенство, Вилијамс има играно за Билбао и Хувентуд, како и за второлигашот Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА