Валенсија со „петка“ го почести Гетафе

Екипата на Валенсија со убедлива победа од 5-1 над Гетафе, дојде до својот втор триумф сезонава во шпанската Ла Лига. На „Местаља“ победникот беше решен уште по првиот дел, кога „лилјаците“ се стекнаа со водство од 3-0.

Стрелци на  головите за тимот на Гатузо беа Лато, Лино, Кастилјехо, Нико и Дуро, додека Алварез само во финишот успеа да намали.

Валенсија остана и со играч помалку откако во финишот беше исклучен Мориба, кој го доби вториот жолт картон. Резултатот можеше да биде поинаков со оглед дека во финишот беше досуден пенал за Гетафе, но по прегледување на ВАР, истиот беше поништен. И Гетафе остана со играч помалку откако исклучен беше Арамбари.

Се вчитува...