Валенсија со шлаканица за „моќниот“ Панатинаикос, Дубаи потклекна пред Вилдоза

Се поголеми се главоболките на Ергин Атаман откако Панатинаикос претрпе уште еден пораз, овојпат на домашен терен од Валенсија со резултат 79-89. „Зелено-белите“ почнаа добро, но како што одминуваше времето така Валенсија преземаше контрола над играта и резултатот, на крајот заслужено стигнувајќи до триумф на жешкиот терен.

Новиот македонски репрезентативец Омари Мур одигра добар меч со 9 поени, 5 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки, најефикасен во победничкиот тим беше Томпсон со 19 поени. Нан со 23 поени беше прв стрелец на ПАО, додека Шортс го заврши мечот со 19 поени и 6 асистенции.

Басконија ја прекина серијата слаби резултати со победа на домашен терен над Олимпија Милано со 88-78. Луваву Кабаро беше херој на шпанскиот тим со 21 поен, три повеќе од Спањоло.

Најнеизвесно вечерва беше во Болоња, каде Виртус по голема драма славеше над Дубаи со 79-78. Вилдоза беше херојот на италијанскиот тим со тројката за победа на дваесетина секунди до крајот, потоа и украдена топка од Петрушев при последниот напад на гостите.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...