Валенсија со важна победа, Димитриевски остана на клупата (ВИДЕО)

После катастрофалниот пораз од Барселона во Купот на Шпанија, Валенсија се врати со важна победа во шпанската Ла Лига, со која си ги зголеми шансите за опстанок во најелитното шпанско друштво.

Валенсија со 2-0 го совлада тимот на Легањес, и дојде до третата победа во последните четири меча, и тоа што е најважно, остварена во дуел со директен ривал за опстанок. Столе Димитриевски остана на клупата за резерви и не доби шанса.

Москера во 30. минута донесе 1-0, а Диакаби во 41. минута зголеми на 2-0, со што беше конечен резултат на средбата.

Се вчитува...