Валенсија се врати во игра во борбата за опстанок во Ла Лига откако „лилјаците“ славеа со 0-2 на гостувањето против Елче. „Фенерџијата“ се обиде да стори нешто повеќе, но Валенсија со два гола во првото полувреме го реши прашањето на победникот, за прекин на серијата од седум порази на гостувањата во шпанскиот шампионат.
Бразилецот Лино го отвори резултатот по едно долго додавање и спуштената топка од Кавани, по која Лино одлично се снајде зад противничката одбрана и од десетина метри го матираше противничкиот голман.
Победата беше осигурана пред самиот крај на првиот дел, кога Верду ја затресе сопствената мрежа за 0-2, резултат што се покажа и конечен на овој натпревар.
Валенсија со оваа победа сега има 30 бода и се наоѓа на делба на 17. и 18. место со екипата на Алмерија, најавувајќи битка за постанок до самиот крај на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

