Фудбалерите на Валенсија запишаа голема победа на домашен терен од 2-0 против Атлетик Билбао во последниот натпревар од денешната програма од 5. коло од новата сезона во Ла лига.
Фудбалерот на гостите Вивиан направи голема глупост во 57. минута кога доби директен црвен картон и ги остави своите соиграчи на цедило. Клучниот момент се случи во 73. минута кога Сантамарија донесе водство од 1-0 за домаќините, додека конечните 2-0 ги постави Дуро во 93. минута.
Столе Димитриевски и овој меч го помина на клупата за резерви на Валенсија.
🚨 LA LIGA! 🇪🇸
Santamaría OPENS THE SCORE! 🇫🇷
Valencia 1-0 Athletic Bilbao
🎥 @GoalsXtra pic.twitter.com/7fPyq819mm
— Polymarket FC (@PolymarketFC) September 20, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

